STAY INSPIRED

Experience the essence of travel

ОСТАНЕТЕ ИНСПИРИРАНИ

Доживејте ја суштината од патувањето

The harmony of travel

Хармонијата на патувањето

STAY IN TOUCH

Be as connected as you want to be.

ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТ

Бидете толку поврзани колку што Вие сакате

Whenever. Wherever.

Кога ... и Каде

Being away from home or the office has never been so easy, so convenient, so inspiring

Далеку од дома и канцеларија никогаш не било полесно, толку згодно и толку инспиративно

STAY PASSIONATELY

You are special.

Ти си посебен

ОСТАНЕТЕ СТРАСНО

Stay with us and expect highly qualified service and support with a smile.

Останете со нас и очекувајте високо професионална услуга и поддршка со насмевка

Call it our passion.

Тоа е нашата СТРАСТ

Welcome to the art of travel living.

Добредојдовте во уметноста на патувањето и живеењето

ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА - ТУРЦИЈА АНТАЛИЈА БОДРУМ КУШАДАСИ - ЕГИПЕТ ХУРГАДА ШАРМ ЕЛ ШЕИК - ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ - ЦРНА ГОРА - ХРВАТСКА - КИПАР - БУГАРИЈА - АЛБАНИЈА - ИТАЛИЈА - ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА - МАЛТА

VILA PASKALIS, TRULOS-SKIJATOS

VILA PASKALIS, TRULOS-SKIJATOS

IMG 1e9174af6fffae939454457f213f1417 V 600x270
IMG 4ac21d37f7d558ee45c4e26929dd0964 V 600x270
IMG 69be5492618f8e1b2c79c96968fe2cd3 V 600x270
IMG B611f7ef13fd4b1609cf0e1485f7f98e V 600x270
260816193 1301383643632702 5046841520306207024 N 600x270
IMG 69be5492618f8e1b2c79c96968fe2cd3 V 600x270
IMG 9f746bfa724360de07422624446b5891 V 600x270

На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос.
Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос е со површина од околу 50 км2 има преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Кукунариес, Агиа Параскеви, Трулос, Мегали Амос,Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени.
Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.

Вила “ПАСКАЛИС“ лоцирана во Трулос на оддалеченост 7 минути од прекрасната плажа Трулос. Извонредна местоположба со фасцинантен поглед кон морскиот хоризонт неограничувајќи го вашиот поглед и мисла.
Плажата Трулос е преубава плажа со ситен песок и постепено задлабочување, тиркизна боја на водата, лежалки,таверни... во непосредна близина има супермаркет.

Термин 29.05 5.06 12.06 19.06 26.06 3.07 10.07 17.07 24.07 31.07 7.08 14.08 21.08 28.08 4.09 11.09 18.09
НОЌЕВАЊА 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
Студио
1/2
1/3+1
109 119 129 149 179 199 219 249 249 249 249 249 219 199 159 139 109
3,4 лице 89 99 109 129 149 169 179 189 189 189 189 189 179 169 139 119 89
1 и 2дете до 12год 69 69 69 69 69 69 69 69 69 69 69 69 69 69 69 69 69

ЦЕНИ ЗА 7 НОЌИ, АВТОБУС, ТРАНСФЕР (ПРИСТАНИШТЕ - ВИЛА - ПРИСТАНИШТЕ)

GPS координати: 39.152932, 23.397495 39°09’10.6″N 23°23’51.0″E

Во цената е вклучено:
*Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен:
автобуски превоз, трансфер пристаниште-вила-пристаниште,за минимум 2 лица;
*трето,четврто , лице плаќаат според табелата;
*1 и 2 (прво и второ) дете до 12 години плаќаат според табелата;
* дете до 02 години бесплатно (без седиште);
*Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден;
*Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот;
*Поаѓање од Скопје на паркингот спортска сала Борис Трајковски во 23:00 часот;
Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.
Само автобуски превоз- повратна автобуска карта Скопје –Волос-Скопје 50 еур за возрасни, 40 еур за деца до 12 год;
Само автобуски превоз - еден правец 45 еур за возрасни, 35 еур за деца до 12 год. -;
За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за прво и второ лице, за 3 и 4 лице по 25 еур,за деца до 12 години не се одбива;
Напомена: Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување
Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија, агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.
Доплата за туристичка такса 1,5 евро од ноќ од соба (студио,апартман,дуплекс – мезонета) се плаќа во агенција.

Во цената не е вклучено:

*БРОДСКА КАРТА ВОЛОС-СКИЈАТОС – ВОЛОС = 35€ се плаќа во автобус;
*клима уред доколку се користи 5€од ноќ / се плаќа во вилата;
*туристичка такса 0,5 € од ноќ се плаќа во агенција (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета)


Опис на студија во Вила „Паскалис“
Вилата “Паскалис” е лоцирана во туристичкото место Трулос.Од плажата е оддалечена 7 минути пешки.Има трокреветни студија убаво опремени со кујна , тераса и фасцинантен поглед кон морската шир.Ја препорачуваме за вистинските сонувачи на убавината.

СТУДИО БР.1 (1/3)+1
Студиото се наоѓа на први кат ,има три поединечни кревети.Во склоп на собата има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две ринли,аспиратор,фрижидер, во истатa соба има клима уред и плакар за алишта. Има можност да се додаде дополнителен кревет на расклопување. Од собата се излегува на тераса со фасцинантен поглед на море. Студиото располага со комотно купатило и WC.

СТУДИО БР.4 (1/3)+1
Студиото се наоѓа на први кат ,има три поединечни кревети.Во склоп на собата има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две ринли,аспиратор,фрижидер, во истатa соба има клима уред и плакар за алишта. Има можност да се додаде дополнителен кревет на расклопување. Од собата се излегува на тераса со фасцинантен поглед на море. Студиото располага со комотно купатило и WC.

СТУДИО БР.6 (1/2)
Студиото се наоѓа на први кат ,има еден дупол кревет.Во склоп на собата има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две ринли,аспиратор,фрижидер, во истатa соба има клима уред и плакар за алишта.Од собата се излегува на тераса со фасцинантен поглед на море. Студиото располага со комотно купатило и WC.

СТУДИО БР.7 (1/3)+1
Студиото се наоѓа на први кат ,има еден дупол кревет и еден поединечен.Во склоп на собата има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две ринли,аспиратор,фрижидер, во истатa соба има клима уред и плакар за алишта. Има можност да се додаде дополнителен кревет на расклопување.Од собата се излегува на тераса со фасцинантен поглед на море. Студиото располага со комотно купатило и WC.

СТУДИО БР.9 (1/2)+1
Студиото се наоѓа на приземје ,има еден дупол кревет и еден поединечен.Во склоп на собата има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две ринли,аспиратор,фрижидер, во истатa соба има клима уред и плакар за алишта. Има можност да се додаде дополнителен кревет на расклопување. Од собата се излегува на тераса со фасцинантен поглед на море. Студиото располага со комотно купатило и WC.

СТУДИО БР.10 (1/2)+1
Студиото се наоѓа на приземје ,има еден дупол кревет и еден поединечен.Во склоп на собата има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две ринли,аспиратор,фрижидер, во истатa соба има клима уред и плакар за алишта. Има можност да се додаде дополнителен кревет на расклопување. Од собата се излегува на тераса со фасцинантен поглед на море. Студиото располага со комотно купатило и WC.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на "виша сила", која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).

2. ПРИЈАВИ И УПЛАТИ

Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријавите можат да се извршат во агенциите на Магелан и во сите други агенции овластени за продажба на нејзините програми. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава - Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам! со што Општите услови, стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за лаќање во денарска противвредност според пазарниот курс - објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополонителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот.

4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква усмена или писмена информација која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.

5. ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или "овер боокинг" од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.

6. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:

- за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%

- за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 15%

- за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 25%

- за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%

- за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%

- ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот.

Во случај на отказ на веќе потврдена "резервација на упит", организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.
Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци од 10,-€ / Евра, по пријава-договор.

Доколку патникот се откажува од патувањето поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест или смрт во потесното семејство, елементарна непогода, воена обрска и слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот.

Доколку патникот се откажува од субјективни - лични причини на страв и несигурност, настанати под влијание на "виша сила", (тероризам, епидемии или елементарни непогоди во регионите на патување), а истите причини - објективно, не му даваат можност на организаторот да го откаже аранжманот, побарувањата на патникот за рефундација на уплатените средства, рефундација на средства за нереализирани услуги или средства за другу трошоци кои произлегле поради промените во аранжманот, треба да ги побарува исклучиво од Осигурителната компанија кај која организаторот има направено Полиса за осигурување од одговорност. Во тој контекст организаторот ќе биде спремен, на патникот да му ги обезбеди сите потребни документи кои би му биле потребни при поднесување на барањето во Осигурителната компанија.

7. ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата, и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговора според позитивните прописи и меѓународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои проилегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци. 

8. ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со представникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на оранизаторот за направената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот.

Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.

9. ПРЕВОЗ

Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организацијата, во согласност со пропишаните правила и прописи.
При патување со авионски превоз, да ја провери својата резервација за лет - во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот и местото за чекинг, во вообичаеното време - час и половина пред полетување. Да се информира за правилата за патување со авионски превоз (за истите може да се обрати во агенцијата).

При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да се пријави кај преставникот на агенцијата половина час пред поаѓање на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници, персона лот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување кон сатниците на поаѓање или на попатните застанувања и одмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини поради неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека истиот патник повеќе од вообичаеното време.

10. БАГАЖ

Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чертер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, немаат право на бесплатен багаж. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока , храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. Багажот се превезува на ризик на патникот, поради тоа препорачуваме осигурување на багажот кај Осигурителна компанија. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот (Ви препорачуваме наем на сеф на рецепција).

11. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа Ви препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна команија, која може да се уплати во агенцијата.

12. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколу патникот-закупувач не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).

13. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник - носител (потписник) на договорот има право на пригивир врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор. 

Постапка за поднесување приговор:

- Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадкватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи доплнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.

- Ако причината за рекламацијата не биде одстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник).

- Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.

- Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.

- Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми.

- Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на "идеална штета".

14. НАРУШУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во контекст на точка 13 и пропишаната постапка за поднесување и решавање на приговор, евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, во петата ставка од истата, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.

15. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Во согласност со точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одредна програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на АТАМ или од страна на надлежниот Суд во Прилеп .

Веб страната од туристичка агенција ЛИОН ОЛИМПИК е од информативен карактер.Со цел за потполна информираност Ве молиме сите информации да ги проверите директно во агенција,по телефон, е-маил или лично. Ви благодариме на разбирањето.